За организацијата

Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА Скопје е формирано со цел да се мотивираат луѓето за посреќен, поисполнет и попродуктивен живот. Сите активности (хуманитарни и социјални проекти) на Здружението ќе бидат насочени кон тоа, секој да си ја пронајде својата ИСКРА (животната, професионалната, креативната, борбената, авантуристичката, визионерската, мечтателската и страствената) и обезбедување на интелектуална и морална поддршка, како и извесни услови за реализирање на истата.

При остварување на целите на здружението, секако ќе се води сметка за застапување на Социјалниот модел, така што ќе се промовира еднаквост, недискриминација и инклузивност на сите граѓани без оглед на нивната социјална, етничка, национална, верска, политичка или поинаква припадност или попреченост.

Претседател на Здружение НОВА ИСКРА Скопје

Искра Донева

Искра е родена на 20 јули 1983 година во Скопје. Чита, пишува и објавува од нејзината седма година. Во 2000 година на јавноста и се претставува и со првата стихозбирка „Говорот на срцето“. По основното образование и природно – математичката гимназија кај неа претежна љубовта кон пишувањето и таа се најде меѓу компаратистите на светската книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески – Скопје, каде сега е на постдипломски студии.

Skip to content