Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА Скопје, за примарна цел има презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на ИСКРА ДОНЕВА како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови.
Искра е родена на 20 јули 1983 година во Скопје. Чита, пишува и објавува од нејзината седма година. Во 2000 година на јавноста и се претставува и со првата стихозбирка „Говорот на срцето“. По основното образование и природно – математичката гимназија кај неа претежна љубовта кон пишувањето и таа се најде меѓу компаратистите на светската книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески – Скопје, каде сега е на постдипломски студии.
Copyright © 2023 Нова Искра | Created with 🤍 by iThink Academy Advanced G1
СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ
Искра Донева – за донации
НЛБ Банка АД Скопје
Сметка број 210-700000596686