Мисија и цели

Здружението за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА– Скопје е формирано со цел да се мотивираат луѓето за посреќен, поисполнет и попродуктивен живот. Сите активности (хуманитарни и социјални проекти) на Здружението ќе бидат насочени кон тоа, секој да си ја пронајде својата ИСКРА (животната, професионалната, креативната, борбената, авантуристичката, визионерската, мечтателската и страствената) и обезбедување на интелектуална и морална поддршка, како и извесни услови за реализирање на истата. При остварување на целите на здружението, секако ќе се води сметка за застапување на Социјалниот модел, така што ќе се промовира еднаквост, недискриминација и инклузивност на сите граѓани без оглед на нивната социјална, етничка, национална, верска, политичка или поинаква припадност или попреченост.

Сфери на дејствување

Сферите на дејствување на Здружението ги опфаќаат сите категории и облици на современото човекување (здравје, љубов, образование, професионален напредок, планирање и создавање семејство и потомство, квалитетни интерперсонални односи во семејството и општеството, спорт и рекреација, откривање и негување на креативните таленти)  како секој граѓанин во Република Македонија би се мотивираал за постигнување на врвната потенцијална благосостојба. 

Цели на здружението

  • Презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на ИСКРА ДОНЕВА како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови.
  • Мотивирање на граѓаните да ги откријат, надградат и стават во функција своите лични квалитети, образовни и професионални капацитети, таленти и можности за остварување на нивните највозвишени и најамбициозни цели како би живееле посреќен, поисполнет и попродуктивен живот без оглед на моменталната егзистенцијална состојба во која се наоѓаат.
  • Обука и упатување на граѓаните во вештини кои ќе ги мотивираат и ќе им помогнат во надминување на наметнатите ограничувачки фактори и ќе им обезбедат нови видици, начини, техники, инструменти и формули за помудар, посреќен, поисполнет и попродуктивен живот.
  • Мотивација за промена на уверувањата кои влијаат врз: самопочитта, односите со другите луѓе, напредокот, вршењето на работата, менталното и физичкото здравје.
Skip to content