Јас, принцеза од бајки

Под слоганот „гласен шепот” на 27 април во кафулето „Љубов” беше промовирана книгата “Јас, принцеза од бајки” на Искра Донева.

Со оваа промоција независниот театар „Тхеатра” го прославува својот четврти роденден. Неговото основање овој пат е комплетно посветено на Донева, млада авторка која ќе ја презентира својата книга.

Настанот ќе биде одбележан со драмско читање на дел од песните на Искра, од нараторот Борислав Тноковски.

Книгата „Јас, принцеза од бајки” ќе биде достапна за продажба по цена од 150 денари, а сите средства од продажбата ќе бидат целосно наменети за лекување на авторката која има церебрална парализа.

Skip to content