4. ноември е денот кога ги очекуваме сите добронамерници во Јавна Cоба, да ИСКРИМЕ ЗА ИСКРА, заедно!
Нашата Искра ја знаеме сите, таа одамна ни е пример за храброст и силна волја, инспирација за тоа како се сака животот и се остваруваат сништата…
Сега е моментот да и возвратиме за нејзините дела и да и покажеме дека сме со неа….
Ќе играме, ќе пееме, ќе се смееме, ќе читаме…
Ќе ги продаваме на аукција нејзините книги, подарени уметнички слики, украси, лични предмети од познати јавни личности од Македонија и Балканот…
Во дворот ќе се одржи и Garage sale од домот на Искра за да си ги заработи средствата кои и се потребни.
Сите со поддршка за посветла и полесна независна иднина на Искра: пристапен и адаптиран дом според потребите, волонтери, физичка помош, помагала, исхрана, витамини, терапии и лекарски прегледи…
Таа заслужува и може, а здружено ВЕРУВАМЕ дека можеме и НИЕ…
Се гледаме на 4. ноември, понеделник, од 20ч!